сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 35
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја

home Регион

Сервер: За повлекување на УНМИК ќе треба нова резолуција на ОН

Сервер: За повлекување на УНМИК ќе треба нова резолуција на ОН

За повлекувањето на УНМИК од Косово без договор за конечен статус веројатно би требало нова резолуција на Советот за безбедност на ОН, а нејзино донесување би зависело од Русија, изјави за Радио Слободна Европа Даниел Сервер, професор на вашингтонскиот универзитет Џонс Хопкинс и експерт за Балкан.

На прашањето дали УНМИК може да се повлече додека е во сила Резолуцијата 1244 на ОН за Косово, Сервер рече дека верува оти оваа иницијатива на Вашингтон е „дел од општата стратегија на САД да го намалат ангажирањето во мировните мисии на ОН“.

– САД, во принцип, се обидуваат да ги намалат овие мисии каде што можат. Дали е можно УНМИК да се повлече од Косово без договор за конечен статус – претпоставувам дека е, но за тоа веројатно би требало нова резолуција на Советот за безбедност на ОН, а се разбира, Русија би контролирала дали таа би поминала или не. Мислам дека Американците најверојатно ќе се обидат да го намалат бројот на персоналот и буџетот на ОН, но не знам колку луѓе има сега таму и колкав им е буџетот, така што не можам да ви кажам какви би биле последиците од тоа, рече Сервер.

Коронавирус