вторник, 11. август 2020. Вести денес: 94
home Регион

Сериозна е и ситуацијата на заразени со Ковид-19 и во Црна Гора

Сериозна е и ситуацијата на заразени со Ковид-19 и во Црна Гора

Лабораторијата на Институтот за јавно здравје на Црна Гора анализирала 468 примероци од кои 58 биле позитивни на новиот коронавирус.

– Во Црна Гора имаме сериозна ситуација, со сериозен број на заболени, изјави директорот на Институтот за јавно здравје и член на Националното координативно тело, Бобан Мугоша.

Тој истакна дека таквата ситуација е очекувана по епидемиолошкото „затишје“.

Од почетокот на јуни вкупниот број на регистрирани случаи изнесува 753, а потврдени се 10 починати лица. Бројот на моментно активните случаи е 733 луѓе.

Коронавирус