сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 84
home Регион

Семејството само што не се онесвестило: Ја закопале со достоен погреб, а глетката потоа полицијата ја опишала само со два збора (ФОТО)

Откако викнале полиција истата им изјавила дека вакво нешто не паметат одамна.
Семејството само што не се онесвестило: Ја закопале со достоен погреб, а глетката потоа полицијата ја опишала само со два збора (ФОТО)

Семејство од српскиот град Шабац овие денови е во неверување не поради загубата на нивната мајка, туку поради тоа што ги пречекало 15 дена по нејзиниот погреб.

Глетката која нејзините два сина ја виделе на гробиштата каде била закопана не оставил никого рамнодушен.

Имено нејзиниот гроб бил откопан до дното каде се гледал нејзиниот ковчег, синовите веднаш го викнале потесното семејство, а поединци само што не се онесвестиле, пренесува српски Телеграф.

Откако викнале полиција истата им изјавила дека вакво нешто не паметат одамна.

-Откако беше завршен увидот ја закопавме мајка ни по втор пат. Скрнавење на гробишта е кривично дело, а полицијата ни вети дека кога ќе бидат откриени сторителите ќе поднесат и кривична пријава против нив, велат синовите на починатата Добринка.

Тие не сакат да си поверуваат на најцрното сценарио, а тоа е дека вандалите можеби го отворале нејзиниот ковчег.

ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.РС

Коронавирус