Семејна трагедија во Србија кај Ужице утринава.
Во подрум на стамбена зграда е најдено тело на 51- годишната Снежана М., а кратко после тоа е најдено уште едно тело обесено пред семејната куќа во селото Горјани кој бил сопруг на Гордана.
Телото на Снежана е најдено утринава во 7 часот во подрум во зградата во која живеела. Таа повикала такси, но бидејќи долгп ја немало на таксистот и на нејзините роднини кои ја очекувале им било чудно дека ја нема па повикале полиција.
Кога пристигнала полицијата го нашле подрумот заклучен, а клучот го имал нејзиниот сопруг. Со помош на пожарникари е искршена ввратата каде е затекнато безживотното тело на Снежана.
Кратко после тоа пред семејната куќа во Горјани на 10 километри од Ужице е најден обесен нејзиниот сопруг. Тој имал забрана одредена во суд и не смеел да и се доближува поради семејно насилство, а разводот бил во тек.