четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 69
home Регион

Секој триесети Словенец бил заразен со новиот коронавирус

Секој триесети Словенец бил заразен со новиот коронавирус

Првичните резултатите на словенечкото национално истражување за раширеноста на новиот коронавирус, покажуваат дека секој триесети граѓанин бил заразен со вирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според портпаролот на Владата Јелко Кацин од направени 1.386 тестирања на граѓани по случаен избор, 41 биле позитивни односно кај нив биле пронајдени антитела на вирусот, а речиси сите биле без никакви симптоми.

– Овие резултати покажуваат дека многу е мал бројот на лица кои имаат создадено имунитет на коронавирусот. Тоа значи и дека не е се поминато и дека треба вистински да се подготвиме на вториот бран на заразата, изјави Кацин.

Сите детали од истражувањето ќе бидат објавени на специјална прес-конференција, а надлежните информираат дека државата продолжува со интензивна набавка на заштитна и медицинска опрема.

Коронавирус