понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Седница на Советот за безбедност на ОН за формирањето на Војската на Косово

Седница на Советот за безбедност на ОН за формирањето на Војската на Косово

На барање на Русија и Србија денеска ќе се одржи седница на Советот за безбедност на ОН посветена на формирањето на косовската Војска, на која ќе се обратат и претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Вучиќ во саботата изјави дека ќе присуствива на седницата на Советот за бебзедност „за да ја каже вистината за тоа колку труд и енергија вложила Стбија за да биде постигнат компромис, а колку другите не го сакале тоа“.

– Ќе се обидам да кажам дека го прифативме Бриселскиот договор, како тежок договор и се изнесовме на наш грб, затоа што знаевме дека на Србија и е потребен мир, нагласи Вучиќ, додавајќи дека на Србија не и требаат нови судири и војни.

Тој нагласи и дека Србија ги исполнила сите „тешки услови“ од Договрот од Брсиел, а Приштина, според него, ниту еден.

Тачи, од своја страна, синоќа најави дека на седницата на Советот за безбедност на ОН „ќе ја каже вистината“ дека трансформацијата на Косовските безбедносни сили во Восјка не е причина на страв, туку за прослава, бидејќи „ја потврдува посветеноста на Косово на мултиетничките институции.

Според него, Приштина сега треба да се насочи кон обезбедување членство на Косово во ОН.

– Фокусот сега е на дијалогот за столче на Косово во ОН, објави Таќи на Твитер.

МИА

Коронавирус