петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Седница на Собранието на Косово за гласање за доверба на Владата на Курти

Седница на Собранието на Косово за гласање за доверба на Владата на Курти

Собранието на Косово денеска се очекува да ја одржи својата вонредна пленарна седница, на која ќе се расправа за барањето на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за гласање доверба на Владата на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

На вчерашната седница на Претседателството на Собранието, по обемна расправа меѓу членовите на претседателството и шефовите на пратеничките групи во врска со условите со кои располага Собранието за одржување една таква седница, имајќи ги предвид мерките за спречување на ширењето на епидемијата на вирусот Ковид-19, се одлучи сепак вонредната седница да се свика за денеска во 11 часот. За одржување на седницата гласаа четворица, а против беа двајца членови на собраниското претседателство.

Иницијативата за гласање недоверба на Владата во која и самиот учествува, ЛДК ја покрена откако премиерот Курти пред една недела, на 18 март, го смени неговиот министер за внатрешни работи Агим Велиу.

Лидерот на ЛДК Иса Мустафа побара од досегашниот коалициски партнер да ја повлече одлуката, да се извини за прекршувањето на коалицискиот договор и веднаш и безусловно да ја укине таксата од сто отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, како што тоа го бараат САД. Откако ВВ ги одби тие барања, ЛДК обезбеди поддршка од опозициските партии, ги собра потребните потписи од пратениците и во петокот, на 20 март, го поднесе во Собранието барањето за вонредна седница за гласање за доверба на кабинетот на Курти. 

Коронавирус