вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Регион

Се затвораат судовите, кината, театрите, ноќни клубови, фитнес центрите- вкупно 117 случаи на коронавирус во Грција

Се затвораат судовите, кината, театрите, ноќни клубови, фитнес центрите- вкупно 117 случаи на коронавирус во Грција

Во Грција потврдени се вкупно 117 позитивни случаи на коронавирусот, од кои 34 се хоспитализирани, а две лица, мајка и дете во Солун кои беа и првите заболени, денеска се пуштени од болница, соопшти претставникот за Ковид-19 при Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Истовремено, на прес-конференцијата одржана попладнево, беше соопштено дека надлежната комисија при Министерството за здравство одлучила во следните 15 дена да се затворат судовите, кината, театрите, ноќните клубови, фитнес центри, како и детските игралишта со лулашки.

Во однос на потврдените случаи, Циодрас рече дека за 107 лица е познат епидемиолошкиот состав, додека пак постојат 10 позитивни случаи за кои е непознато потеклото и од каде тие лица се заразиле.

Професорот Циодрас рече дека постојат и 15 случаи кои се анализираат.

Рано утрово во Грција беше регистриран првиот смртен случај од новиот коронавирус, откако почина 66-годишниот маж кој во изминатите денови се наоѓаше во критична состојба.

Лицето беше дел од групата која на 27 февруари се врати од поклоничко патување во Израел и Египет.

Коронавирус