четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 36
home Регион

Се уште неизвесно пристигнувањето на фајзеровата вакцина од Србија

Се уште неизвесно пристигнувањето на фајзеровата вакцина од Србија

Србија мора да ја обезбеди за реекспорт на вакцините во Македонија

Ден по нереализираната донација на Фајзер вакцините од Србија, премиерот Заев денеска објасни дека се работи на подготовка на техничката документација од странската компанија за донацијата која земјава требаше да ја добие од северниот сосед.

Според него, станува збор за дозвола која Србија мора да ја обезбеди за реекспорт на вакцините во Македонија, а официјален Белград како што кажа тој работи посветено за вакцините да пристигнат во земјава, и изрази надеж дека тоа набрзо ќе се случи.

Дека се чека на дозвола од Фајзер потврди и српската премиерка Ана Брнабиќ која вчера објасни дека договорот на Србија со компанијата предвидува дека вакцините не смеат да се извезуваат. Брнабиќ изрази надеж дека целата ситуација ќе биде решена во наредните неколку денови, а српскиот државен врв како што кажа таа, посветено работел на постигнување на таа цел.

Во меѓувреме, од светската здравствена организација денеска излегоа со податоци според кои во речиси над 2,5 милијарди луѓе во 130 земји се уште немаат пристап до ниту една вакцина. Од досега испорачаните 128 милиони вакцини низ светот пак, најголемиот дел од вакцинираните се во само десет држави.

Од Светската организација уште еднаш ги повикаа светските лидери, но и производителите на вакцини праведно да ја распоредуваат дистрибуцијата на глобално ниво за да се спречат поголеми последици.

ЕУРО 2020

Македонија