понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 95
home Регион

Се уште гори во Грција: Евакуирани околу 70 лица

Се уште гори во Грција: Евакуирани околу 70 лица

Грчката Противпожарна служба успеа делумно да го стави под контрола пожарот што избувна денеска околу 11 часот во близина на местото Лаврио, на 60 километри од центарот на Атина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, утрово превентивно беше евакуиран импровизиран камп со околу 60 до 70 бегалци и мигранти, што се наоѓа близу местото на пожарот.

Во гаснењето на пожарот учествуваат над 30 пожарникари со 13 противпожарни возила, припадници на две армиските пешадиски единици, како и шест цистерни и три хеликоптери. Силниот ветер го отежнува гаснењето на пожарот, меѓутоа олеснителна околност е тоа што во близина е морето и брзо оди снабдувањето со вода на хеликоптерите.

На околу два километри од пожарот се наоѓа фабрика за оружје, меѓутоа не е постои опасност таа да биде зафатена од огнените јазици. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, вработените во фабриката, веројатно со дозвола на директорот, порано ги напуштиле работните места.

Пожарот не претставува опасност ниту за куќите што се наоѓаат во близина.