понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 18
home Регион

Се тресе цел регион: Земјотреси во Албанија, Црна Гора и Босна

Се тресе цел регион: Земјотреси во Албанија, Црна Гора и Босна

По двата силни земјотреси, кои вчера после 16 часот ја погодија Албанија, а многу силно се почувствуваа и во Црна Гора, Заводот за сеизмологија на Црна Гора регистрирал повеќе од 60 земјотреси со помала магнитуда, соопшти сеизмологот Марин Чавелиќ.

Тој за РТЦГ истакна дека по толку силни земјотреси вообичаена е серија помали, која сигурно ќе трае и наредните денови.

-Силен земјотрес се случи и синоќа, седум минути после полноќ. Земјотресот беше со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а регистриран е на истата локација како и претходниот, 34 километри западно од Тирана, во Јадранското Море, рече Чавелиќ.

Во регионот во текот на ноќта имало најмалку пет земјотреси.

Албанија не престанува да се тресе, итна седница на Владата

Тлото во Албанија не мирува. Од првиот силен земјотрес што беше регистрира вчера во 16:04 часот со магнитуда од 5,8 степени според Рихтер и интензитет од 7,5 степени, на 30 километри северно од Драч, во Јадранско Море се регистрирани серија од најмалку 25 земјотреси, со различна јачина.

Последниот е регистриран претпладнево во 9:00 часот со магнитуда од 3,5 степени.

Силен земјотрес и во Босна, тресењето ги вознемирило граѓаните

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтер ноќеска ја погоди и БиХ, поточно во околината на Тузла.

Според Европскиот медитерански сезмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот со јачина од 2,9 степени според Рихтер е регистриран во околината на Тузла на длабочина од два километри.