понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 129
home Регион

Се судриле поради дрога: Ова е мажот кој беше убиен на Зрче во Хрватска (ФОТО)

Се судриле поради дрога: Ова е мажот кој беше убиен на Зрче во Хрватска (ФОТО)

Британските медиуми објавија фотографија од 26 годишниот Уго Вилсон од Лондон кој вчера беше убиен на плажата Зрче.

Утринава на аеродромот во Сплит уапсен е таткото на Вилосон, исто така британски државјанин. Тој се обидел да влезе во авион за Лондон и да побегне од Хрватска.

Многу пријатели на Вилсон се простија од него на социјалните мрежи.

-Не можам да верувам. Почивај во мир… Се што ти требаше беше добар одмор и ти се случи ова…, напиша една негова пријателка.

Тој настрада кога со своите пријатели влегол во конфликт со друга група мажи пред ноќен клуб во Зрче, околу 5:30 часот наутро.

Според засега непотврдени информации, конфликтот избил поради препродажба на дрога. Наводно тие со денови продавале дрога на Зрче, а се ескалирало кога било исфрлени од ноќен клуб.

Коронавирус