петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Се стабилизира бројот на новозаразени со коронавирусот во Словенија

Се стабилизира бројот на новозаразени со коронавирусот во Словенија

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во Словенија се потврдени 43 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Со овие 43 лица, вкупниот број на инфицирани сега изнесува 977.

Поради Ковид-19 хоспитализирани се вкупно 109 лица, што претставува намалување во однос на вчерашниот ден, а на одделот за интензивна нега се лекуваат само 31 пациент.

Според надлежните, изминативе неколку денови има стабилизација на бројот на новозаразени лица, а се намалува бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување како последица од коронавирусот.

Досега како последица од Ковид-19 во Словенија починаа 22 лица, од кои повеќето се повозрасни луѓе со хронични болести.

Коронавирус