петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 128
home Регион

Се сруши градинка во Петриња: Крици и сирени насекаде, градоначалникот моли за помош

Се сруши градинка во Петриња: Крици и сирени насекаде, градоначалникот моли за помош

Драматична е ситуацијата во делови на Хрватска кои се најпогодени од силниот земјотрес со јачина од 6,3 степени кој денес го погоди подрачјето на Петриња, Сисак и Загреб.

Медиумите јавуваат дека одекнуваат сирените од спасувачките екипи, но и криците од луѓето кои бараат помош. Во Петриња се срушени речиси сите куќа, а на повеќе локации во тек се спасувачки акции.

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ во првата изјава по земјотресот вели дека половина град е срушен и побара итно да се прати помош.

-Извлекувањеме луѓе, не знаеме дали и колку починати и повредени има. Слушнав дека се срушила градинка, но за среќа во неа немало деца, додека од друга градинка децата успеале да се спасар, изјавил градоначалникот.

Коронавирус