четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Регион

Се сруши борбен авион во Турција: Пилотот загина (ВИДЕО)

Се сруши борбен авион во Турција: Пилотот загина (ВИДЕО)

Пилотот на турскиот борбен авион Нортроп НФ-5 загина кога авионот се урна денес во централниот дел на Турција, потврди тамошното Министерство за одбрана.

Авионот се сруши во провинцијата Коња околу 14 часот и 45 минути по локално време, а причината за падот на авионот се уште не е позната.

Спасувачките екипи се на терен, а властите веќе започнаа истрага за да се откријат причините за падот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до семејството на загинатиот пилот.

Според локалните медиуми, авионот што се срушил бил дел од аеробатскиот тим на турското воено воздухопловство, а несреќата се случила за време на тренинг летот.

Коронавирус