вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 68
home Регион

Се разнел себе си и љубовницата во автомобилот- ова е полицаецот кој зад себе остави сопруга и две деца, а го потресе регионот (ФОТО)

Се разнел себе си и љубовницата во автомобилот- ова е полицаецот кој зад себе остави сопруга и две деца, а го потресе регионот (ФОТО)

Павле Р (31) од Стара Пазова за кој полицијата се сомнева дека денеска се разнел во автомобилот во кој бил со љубовницата е припадник на полицијата, пренесуваат српските медиуми.

Двете безживотни тела се пронајдени нешто по 9 часот утрово во „Опел вектра“ која била буквално оштетена од експлозијата.

Возилото го пронашла полициска патрола, а телото на момчето било на возачкото седиште, додека на совозачкото била неговата љубовница.

Полицијата се сомнева дека мотивите за трагедијата која го потресе регионот, а се случи во Србија се љубовни проблеми.

Павле Р инаку работел и како резбар на икони веќе 7-8 години.

Во минатото беше и дел од медиумите и тие за него пишуваа дека преку резбањето го ослободувал стресот од напорниот ден како полицаец.

Тој имал сопруга и две деца.