понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 149
home Регион

Се продлабочува јазот меѓу Мета и Рама

Се продлабочува јазот меѓу Мета и Рама

Недоразбрањата меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама се продлабочуваат, поради различните ставови околу повеќе прашања.

Последно во таа низа, како што јави дописникто на МИА, е непотпшувањето од донесените закони за катастар и за нотаријат, од страна на Мета.

Во обрзложенето на Мета на ваквата одлука стои дека законите се враќаат, поради „аргументите дека се неуставни“.

– Почитувајќи го Уставот на Република Албанија, а во согласност со член 85 алинеја 1, институцијата претседател на Репуликата соопштува дека одлучи да ги врати во Собранието Законот за катастар и Законот за нотаријат, со цел повторно разгледување врз основа на причните кои се наведуваат, стои меѓу другото во соопштението на Кабинетот на Мета.

Претходно, Мета на 13 декември не го потпиша Законот за буџет за 2019 година и го врати до Собранието на повторно разгледување. Во образложението беше наведено дека Буџетот треба да обезбеди простор за исполнување на студентските барања.

Мета во изминатиот период не потпиша и други закони и повеќе уредби за назначување на министри. Недоразбрањата достигна кулминација по одлуката на Мета да не ја потпише уредбата за именување на Косовецот Гент Цакај за нов министер за Европа и надвоешни работи, по што следуваше интензивна преписка преку социјалните мрежи,во кои Рама упати  тешки навреди на адреса на шефот на државата.

Коронавирус