недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Регион

Се огласи сопственикот на кафулето во Хрватска каде беа нападнати Срби: „Не маваа со шишиња, не тепаа нас и децата“

Се огласи сопственикот на кафулето во Хрватска каде беа нападнати Срби: „Не маваа со шишиња, не тепаа нас и децата“

Што да ви кажам? Дојдоа маскирани, имаа фантомки на главите, шипки, палки, мотики… Ние бевме 6, а тие седум. Тука имаше и луѓе од 70 години и деца. Жените и децата врескаа, не можам да верувам дека некој со шипка може да удри дете од 16 години, раскажал Борир Петко, сопственик на кафуле во Книн каде во средата вечерта имало напад врз гостите кои гледале натпревар меѓу Јанг Бојс и Црвена Ѕвезда.

Уништија дел од инвентарот, а полицијата објави дека привела неколку луѓе.

„Тоа момче од 16 години заврши во болница поради повреда на главата. И мене ме расекоа по ногата. Со некаква даска ме удрија. Добив удар и по глава. Гледавме утакмица, но тоа не е случајно, тоа се беше смислено. Секако дека е поради нашата националност. Тоа е хулиганизам, Во шок сум“, рекол сопственикот на кафулето.

Рекол дека се летало на сите страни.

„Чаши, шишиња…Како бомба да падна во кафулето. Жена си ја исече ногата и мораше на шиење. Се обиде да го заштити седумгодишното дете кое се исече на стакло. Можам многу работи да разберам, но да се напакости на жена и деца тоа никако. Му благодарам на Бога, никој не е потешко повреден. Полицијата дојде, не знам дали ќе ги фати. Да знам нешто, би кажал. Но, знам да соберам два и два. Едно момче дојде пред инцидентот во кафулето, не знам кое беше, испи пијалок и после него дојдоа други“, додал сопственикот.

Полицијата поради овој инцидент уапсиле повеќе луѓе.

Четири лица се пуштени на домашно лекување, а тинејџерот е задржан на хирургија на набљудување.