петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Се огласи невестата-бегалка: Свекорот дојде пијан, бремена завршив во Брза помош

Се огласи невестата-бегалка: Свекорот дојде пијан, бремена завршив во Брза помош

За свадбата меѓу босанските младенци Един Хуселиќ (23) од Градачац и неговата избраничка Елда Мујчин од Оџак, денеска зборува целиот Балкан.

Откако беше обвинета дека сака да си замине со парите од свадбата, за порталот crna-hronika.info, својата страна ја раскажа и невестата.

Един се обиде да ме искористи мене и нашето неродено дете за да се дограба до повеќе пари, тврди младата невеста, која негира дека воопшто пробала да ги собере парите од подароците.

-После делењето на кафето, се оди да се соберат парите. Тука бевме Един, кумата и јас, кога дојде таткото на Един и ги собра парите, тврдејќи дека тие треба да одат кај него. Јас се налутив затоа што целата свадба ни ја планираше тој и неговата сопруга, не ме оставија својата свадба да си ја подготвам, во сѐ ни се мешаа. Затоа одма излегов и ја треснав вратата,  раскажува невестата.

Таа додава дека потоа седнала на своето место во ресторанот.

-Тогаш дојде неговиот татко пијан и рече дека не сум ни за *** и да си одам слободно, зошто не сум вредна за тие пари. Секако излегов од таму и пред ресторанот седев уште еден час, за што имам сведоци, вели таа.

Елда додава дека целата приказна е измислена само затоа што немало доволно пари веселбата да се плати.

Таа додава дека по настанот завршила на болница, затоа што е во блажена состојба, а Един се вратил да допие, под изговор „што можам јас тука“.

-Кредитот го подигнав јас, за што имам и доказ, го средив спратот на куќата каде што требаше да живееме, не тој. Ме искористи и ме шутна, но сега сѐ ќе оди преку суд. Да сум виновна, не би го тужела, додава Елда.

Коронавирус