понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 153
home Регион

Се огласи мајката на убиеното момче: Не можам да верувам што се случи, ми го зема најубавиот цвет

Се огласи мајката на убиеното момче: Не можам да верувам што се случи, ми го зема најубавиот цвет

Мајката на 7-годишниот Мергим Л. од Косово, кое во Базел на враќање од училиште беше убиено од старица, кобниот ден не можела да го дочека синот од училиште, бидејќи другото дете ѝ било болно.

Момчето се враќало од училиште кога на 200 метри од училишниот двор со нож го нападнала старица. После повеќе убоди, детето се онесвестило и паднало на плочникот.

Мајката на детето била известена за злосторството неколку часа подоцна.

-Многу ми е тешко, не можам да верувам што се случи. Го нема нашето момче. Ми го зема најубавиот цвет, рекла мајката.

Фактот дека не го знаат мотивот за суровото убиство посебно тешко му паѓа на семејството.

-Не ја познавам жената. Никогаш не сум ја видела и не знам зошто го уби син ми. Што може да биде причина за таков чин? Ни ги уништи животите, рекла мајката.