среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Регион

Сандер Леши – нов заменик министер за внатрешни работи на Албанија

Сандер Леши –  нов заменик министер за внатрешни работи на Албанија

Откако албанскиот претседател Илир Мета не се согласи нов министер за внатрешни работи да биде Сандер Леши, бригадниот генерал сега ќе биде заменик министер во ова Министертво.

На оваа функција тој е предложен од премиерот Еди Рама, а одлука ќе донесе Владата.

Рама за овој свој чекор ја информирал парламентарната група на неговата Социјалистичка партија, додавајќи дека на утрешната вонредна пленарна седница на Парламентот, ќе биде усвоен указот за разрешување на претходниот министер Фатмир Џафај, со што се почитува крајниот рок предвиден со Уставот.

„Целосена согласност со парламентарната група. Собранието утре ќе го усвои указот на Претседателот за разрешување на поранешниот министер за внатрешни работи Џафај. Сандер Леши ќе го заземе местото заменик  министер во МВР. Но не е само тоа. Повеќе во моето утрешно обраќање во парламентот во 10 часот“ напиша Рама на Твитер.

Рама социјалиситичките пратеници ги информирал за известувањето од Мета дека не го потпишал указот за нов министер, што според Рама, е антиуставен чин.

-Претседателот соопштува дека не го потпишал указот, но не дава никакви објаснувања зошто го прави тоа. Непотпишувањето на указот е кршење на Уставот од страна на Мета. Кај нас не фукционира Уставниот суд и ние ќе најдеме друг начин, се додека не го убедиме претседателот дека Леши го заслужува министерското место,- изјави Рама.

Експресно реагираа и од кабинетот на Мета, кој искажува подготвеност да даде објаснувања пред народните избраници доколку Собранието е заинтересирано за тоа.

– Претседателот на Републиката секогаш е подготвен да даде објаснувања на транспарентен начин во Собранието на Република Албанија за сите прашања за кои законодавниот дом покаже интерес, стои во соопштението од кабинетот на Мета.

Според експертите од оваа област, но и досегашното однесување на Рама, не се отфрла можноста функицијата прв полицаец да ја преземе Рама, кој само формално ќе биде тоа, а Леши всушност ќе раководи со Министерството.

Поради несогласување на Мета со кандидатот што го предложи Рама, прв човек нема и албанската тајна служба, ШИШ, каде со месеци на нејзино чело е заменик директор што го постави Рама со одлука на Владата.

Сандер Леши по чин е бригаден генерал, извршувал високи фунции во армијата, а во последните години е советник на премиерот Рама за безбедносни прашања.

Коронавирус