недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

„Сакаше да имаме секс, па со злато ми намести кражба“: Тарик Филиповиќ има голем проблем

„Сакаше да имаме секс, па со злато ми намести кражба“: Тарик Филиповиќ има голем проблем

Популарниот водител и актер Тарик Филиповиќ е обвинет од својата поранешна домашна помошничка, 52-годишната Аница Јурај, дека сакал да има секс со неа.

-Тоа се одвратни лаги, за тоа госпоѓата би требало да има цврсти докази, изјавил Тарик видно нервозен. Куќната помошничка изјавила дека е сигурна во тоа, па затоа златото се најде во нејзината чанта кое ѝ го ставил Тарик. Жената, потоа го продала златото, а на судењето рекла дека сакала што побрзо да се ослободи од него, затоа што се чувствувала понижено од постапката на Филиповиќ. Адвокатите на Филиповиќ ја прашале зошто порано не кажала што се случило, но Аница одговорила дека не била во ситуација да може да го тужи Тарик, пишуваат “24 сати“.

Инаку, Тарик пред тоа ја тужеше Аница дека украла златен накит од неговиот дом во вредност од 5.000 евра. Но, Аница изјавила дека во чантата ѝ го ставил популарниот водител за да ја замолчи.

-Тарик ме допираше за рамената, а кога останавме сами во станот, ме привлекуваше со телото кон него, изјавила Аница алудирајќи на секс. Бев шокирана, си заминав од станот, а во трамвајот сфатив дека во чантата е златото за кое Тарик и неговата жена Лејла тврдат дека сум го украла, но тоа не е вистина….