четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Регион

Сакал да биде пилот, носител на црн појас во карате – Еве кој бил убиениот политичар Оливер Ивановиќ

Сакал да биде пилот, носител на црн појас во карате – Еве кој бил убиениот политичар Оливер Ивановиќ

Оливер Ивановиќ е роден на 1 април 1953 година во селото Рзнич, општина Дечани.

Основното и средното училиште, како и Машинскиот факултет ги завршил во Косовска Митровица. Дополнително апсолвирал на Економскиот факултет во Приштина.

Живеел во Косовска Митровица, во брак со Милена со која имаат три сина, Никола, Жарко и Јанко.

Сакал да биде пилот, но желбата не му се исполнила поради слабиот вид. Бил питомец на Воената академија во Загреб која ја напуштил по три години.

Во Загреб започнал сериозно да тренира карате, носител е на црн појас четврти дан. Бил инструктор и меѓунареден карате судија.

Зборувал англиски, албански и италијански.

На политичката сцена настапил кон средината на 1999 година кога е основан Српскиот национален совет на северот од Косово. Наредните години бил еден од најистакнатите лидери на Србите во кој дел од Косово и Метохија.

Оливер Ивановиќ од јануари 2014 година заедно со уште четворица Срби се наоѓа во притвор во затворот во Косовска Митровица каде се товари за наводно воено злосторство над цивилното население во Косово во 1999 и 2000 година.

Обвинението е покренато во ноември во 2014 година, а судењето започнато на 18 декември истата година.

Поради одбивање да го пуштата да се брани од слобода, Ивановиќ на 7 август 2015 година започнува штрајк со глад, додека на 14 август поради нарушена здравствена состојба е префрлен во болницата во Косовска Митровица.

Во февруари 2017 години му е укината првостепената пресуда и наредено е ново судење. Следува куќен притвор за него, а од април 2017 година е одлучено да се брани од слобода.

Ивановиќ беше убиен денес (16.1.2018) во 8:15 часот во момент кога влегувал во куќата каде се наоѓало седиштето на неговата партија „Србија, демократија, правда“.

Според досегашните информации во него од зад грб било пукано со пиштол со пригушувач, по што напаѓачот избегал. И покрај обидите за реанимација на докторите во Клиничката болница, Ивановиќ им подлегнал на повредите кои му биле нанесени во пределот на горниот дел од телото. Смртта настапила во 9:30 часот.

Детали за убиството може да прочитате ТУКА.

Коронавирус