петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 83
home Регион

САД ја намалија помошта за Палестинците за 200 милиони долари

САД ја намалија помошта за Палестинците за 200 милиони долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи  економската помош од САД од 200 милиони американски долари, првично наменета за Палестинците, да ја пренасочи на други програми.

– Извршивме ревизија на американската помош за палестинската власт, како на Западниот брег, така и во Газа, за да се осигуриме дека овие средства ќе бидат потрошени во согласност со американските национални интереси и во корист на американските даночни обврзници, соопшти Стејт департментот.

Како резултат на тоа, а по наредба на претседателот, „ние ќе пренасочиме повеќе од 200 милиони долари во фискалната 2017 година што првично беше планирана за Западниот Брег и Газа за проекти со висок приоритет на други места”.

Стејт департментот го информираше Конгресот за оваа одлука, која прво беше испратена до пратениците, а потоа и до медиумите.

Коронавирус