среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 164
home Регион

САД и ЕУ побараа да се забрза процесот и Уставниот суд на Албанија да профункционира до крајот на годинава

САД и ЕУ побараа да се забрза процесот и Уставниот суд на Албанија да профункционира до крајот на годинава

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, го повика Советот за назначувања во правосудството да продолжи со процесот на избор на членови на Уставниот суд, со цел тој да профукнционира до 31 декември.

Преку порака на Твитер, американската дипломатка го акцентира фактот дека нема причина овој суд да не функционира, бидејќи според неа тоа е прашање на волја.

-Советот за назначувања во правосудството(КЕД) мора да се состане оваа недела за да ја финализира поценката и да го испрати списокот на кандидати до Претседателот и Парламентот. Процесите треба да се почитуваат, но не и да се злоупотребуваат. Нема практична причина Уставниот суд да не профункционира до 31 декември. Тоа е прашање на волја. Лидерите мора да ја покажат својата вистинска волја, стои во пораката на амбасадорката Ким.

На иста линија со амбасадорката Ким е и евроамбасадорот Луиџи Сореца,кој ја споделува нејзината порака и потсетува дека формирањето на Уставниот суд е еден од условите кои треба да ги исполни Албанија кон отворање на преговорите со ЕУ.

-Навистина е пресудно КЕД да ја заврши брзата проценка на кандидатите за испразнетите места во Уставниот суд, врз основа на мислењата на Венецијанската комисија. Обезбедувањето на целосна функционалност на судот е

клучен услов за отворање на пристапните преговори на првата меѓувладина конференција со ЕУ, стои во пораката на Сореца.

Уставниот суд во Албанија не функционира повеќе од две години.Од девет ченови колку што брои, остана само еден, двајца заминаа на нова должност додека останатите се разрешени откако не го поминаа ветингот. На крајот од декември 2018 година беше разрешен и претседателот на судот Башким Дедја, откако не можел да го објасни потеклото на својот имот.

Коронавирус