вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Регион

Рокот на Хрватска за купување борбени возила од САД истекува во јануари

Рокот на Хрватска за купување борбени возила од САД истекува во јануари

Соединетите Американски Држави ја известија Хрватска дека рокот за набавка на борбени возила од типот „Бредли“ истекува во јануари следната година.

САД и понудија на Хрватска купување на 84 борбени возила со кофинансирање на набавката, помош во обуката и одржувањето на возилата, како и надградба на домашната компанија „Ѓуро Ѓаковиќ“.

„Програмата за набавки на Бредли и ја нудиме на Хрватска од 2017 година. САД и даваат на Хрватска 45 милиони долари за да помогнат во финансирањето на програмата, а ние ја продолживме понудата колку што е можно повеќе. Нема да има дополнителни продолжувања по јануари 2022 година“, соопшти Американската амбасада во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми.

Пред две недели, Кабинетот на претседателот на Хрватска излезе со соопштение во кое се нагласува дека модернизацијата на Хрватската копнена војска (ХКоВ) е од стратешко значење за Република Хрватска како најголема и најважна гранка во одбранбениот систем и дека без опремување и модернизирање на хрватските вооружени сили нема долгорочно зголемување на одбранбените капацитети.

Коронавирус