четврток, 6. август 2020. Вести денес: 178
home Регион

Рестриктивните мерки ја намалија нелегалната миграција во Словенија

Рестриктивните мерки ја намалија нелегалната миграција во Словенија

Воведувањето рестриктивни мерки за борба против пандемијата на коронавирусот значително го намали приливот на илегални мигранти во Словенија во првите шест месеци од годинава.

Сепак, полицијата сега повторно регистрира зголемување на бројот на нелегални обиди за преминување на границата.

Бројот на странци кои влегле во Словенија без соодветни документи или дозволи во првите шест месеци се намалил за 22 проценти во однос на истиот период лани, главно поради ограничувањата воведени за борба против пандемијата на коронавирусот, пренесува агенцијата СТА.

Земјите од Западен Балкан воведоа ограничувања за движење, па дури и затворија центри за мигранти. Сепак, се проценува дека во Босна и Херцеговина останале меѓу 10.000 и 15.000 мигранти. (МИА)

Коронавирус