четврток, 26. мај 2022. Вести денес: 184
home Регион

Рекорден број новозаболени во Бугарија, починати 73 лица за еден ден

Рекорден број новозаболени во Бугарија, починати 73 лица за еден ден

Бугарија денеска пријави рекорден број новозаболени во еден ден од коронавирус. Официјалните податоци покажуваат дека во земјата се потврдени нови 12.399 случаи на Ковид-19.

Бугарија, во која е вакцинирано е помалку од 30 проценти од населението, бележи и 73 смртни случаи во изминатите 24 часа.

Околу 5.000 лица се во болница од кои 692 се наоѓаат на интензивна нега.

Вкупниот број на заболени од почеток на пандемијата во Бугарија е над 903.000, додека регистирани се вкупно 32.869 смртни случаи.

Коронавирус