петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Регион

Регистриран прв случај на мајмунски сипаници во Турција

Регистриран прв случај на мајмунски сипаници во Турција

Во Турција е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Според него, пациентот има 37 години и има нарушен имунолошки систем.

Коџа на Твитер изјави дека пациентот е во изолација, како и дека други случаи не се идентификувани. Тој потсети дека оваа болест не се пренесува по воздушен пат, туку со близок физички контакт.

Коронавирус