понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 12
home Регион

Речиси два месеци по катастрофалните пожари во Атика, расте бројот на жртви

Речиси два месеци по катастрофалните пожари во Атика, расте бројот на жртви

Бројот на загинати во катастрофалните пожари од 23 јули во источниот дел на областа Атика се искачи на 99, откако 26-годишна девојка им подлегна на здобиените повреди во една од атинските болници.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека од 99-те жртви, 83 ги загубија животите во пожарите и беа идентификувани во Институтот за судска медицина, а 16 починаа во болниците од здобиените сериозни повреди во огнената стихија.

МИА