сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 91
home Регион

Речиси 1.600 новозаболени од Ковид-19 во Бугарија

Речиси 1.600 новозаболени од Ковид-19 во Бугарија

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени нови 1.589 случаи на коронавирус што е за шест помалку од претходниот ден, објавено е на официјалниот сајт за следење на епидемијата.

Починати се 13 лица, а вкупниот број на активни случаи изнесува 17.340.

Од почеток на епидемијата во Бугарија заразени се вкупно 36.519 лица, од кои починале 1.077.

 

Коронавирус