среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Разрешен Илир Мета

Разрешен Илир Мета

Партијата на премиерот Еди Рама предложи тој да се смени откако Мета го поништи указот за распишување на локалните избори за 30 јуни.

За да стане конечна, одлуката на албанскиот парламент мора да биде потврдена од Уставниот суд, но тој во моментов не функционира бидејќи повеќето судии се разрешени, објави Ал џезира.

Според Уставот на Албанија, претседателот на државата може да биде разрешен поради сериозно прекршување на Уставот или сторено кривично дело. Во обраќањето пред парламентот пред гласањето Рама рече дека одлуката на претседателот за одложување на локалните избори е „досега непознат чин во историјата на светското владеење“.

Според него, „парламентот е должен да реагира од името на народот кога претседателот ќе полуди“.

„Ако светот влезе во логиката на Мета дека секој потпис на некој авторитет може да биде повлечен, повеќе нема да постојат државата, правилата, насоките, туку целиот свет би бил една голема гужва“, рече Рама.