петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Регион

Ратко Младиќ може да почине во следните денови

Ратко Младиќ може да почине во следните денови

Поранешниот воен лидер на босанските Срби генерал Ратко Младиќ може да почине во следните неколку денови, изјави денеска неговиот адвокат Драган Иветиќ.

– Генерал Младиќ може да почине денеска или утре. Таквиот третман, како што му го пружи Хашкиот трибунал, беше како на генералот да му беше дадено да игра „руски рулет“, но не со еден, туку со многу куршуми, изјави адвокатот.

– Младиќ мора итно да биде хоспитализиран, бидејќи лекарите веруваат дека ризикот од смрт кај него е зголемен за шестпати , изјави адвокатот.

На 22 ноември минатата година, на Младиќ во Хашкиот трибунал му беше изречена првостепена пресуда – доживотен затвор откако беше прогласен за виновен по 11 точки од обвинението.

 

Коронавирус