среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 5
home Регион

Расте семејното насилство во Албанија, лани 218 случаи повеќе од претходната година

Расте семејното насилство во Албанија, лани 218 случаи повеќе од претходната година

Во текот на минатата година регистрирани и третирани од полицијата се 218 случаи на семејно насилство повеќе во однос на претходната година.

Во текот на 2018 година во полициските станици биле регистрирани 4.411 пријави, додека лани 4.629 случаи.

Од овие пријави за извршени насилства, според полицијата, 2.800 биле решени со наредба за непосредна заштита, додека останатите биле инцидентни конфликти а не повторувани повеќепати.

Адвокатката Вјолца Пустина за телевизија Ора њуз изјави дека во текот на 2019 година најприсутно било насилството врз жени и родители.

-Најмногу од случите се кога жени пријавуваат семејно насилство извршено од мажи, додека многу малку се пријавите од страна на малтретирани мажи. Исто така, има многу случаи кога врз родителите е извршено насилство од страна на нивните деца, изјави Пустина.

Таа тврди дека судот се занимава и со случаи кога жените сакаат незаконски да имаат корист од сопрузите барајќи наредба за заштита, но оти истите се третираат со резерва.

-Во моментот кога судиите ќе констатираат дека целта им е неправедно да добијат имот го отфрлаат барањето за итно издавање на налог за заштита, вели адвокатката Пустина.

Во текот на 2019 година, регистрирани се 14 случаи на убиства во семејство со 17 жртви, од кои 12 жени, додека поради тешки форми на насилство уапсени се 535 лица.

Коронавирус