среда, 2. декември 2020. Вести денес: 46
home Регион

Расте црниот биланс: Пронајдени 26 јагленосани тела по пожарите во Грција, меѓу нив и деца

Расте црниот биланс: Пронајдени 26 јагленосани тела по пожарите во Грција, меѓу нив и деца

Според спасувачите од Црвениот крст, во двор на таверна во населбата Мати, во источниот дел на областа Атика, биле пронајдени тела на 26 лица, објавуваат грчките медиуми.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, спасувачот Андриопулос од Црвениот крст, за грчката телевизија Антена, рече дека во нивната акција бил пронајдени телата на 26 лица, мажи, жени и деца. Според неговото сведоштво, луѓето веројатно се знаеле меѓу себе, спасувачите ги пронашле прегрнати во неколку групи.

Претпоставките на спасувачите се дека луѓето тргнале кон морето за да се спасат, но на 30-40 метри оддалеченост, поради големината и јачината на огнените јазици, нивните обиди биле залудни.

Доколку се потврдат информациите што доаѓаат од спасувачките екипи, тогаш бројката на загинати е над 50 лица.

МИА

Коронавирус