петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 31
home Регион

Расте бројот на жртви во Албанија, 24 мртви и 650 повредени

Расте бројот на жртви во Албанија, 24 мртви и 650 повредени

Бројот на загинати во вчерашниот страотен земјотрес во Албанија се искачи на 24, повредени се 650 граѓани, а 45 се спасени, јавуваат албанските медиуми.

Силните потреси, од кој насилниот беше со јачина од 6,4 степени според Рихтер, урнаа  голем број станбени згради и еден хотел во Драч каде се регистрирани и првите жртви, двајца браќа од Косово. Меѓу жртвите е и еден млад човек кој штотуку излегол од затвор, откако судот го прогласил за невин, како и еден полицаец на должност.

Друго лице е пронајдено мртво откако скокнало од балконот на станот панично бегајќи од потресот.

Спасувачите во меѓувреме успеале да спасат 17-годишен тинејџер, под урнатините на неговиот дом во Драч. Тој побарал помош преку својот мобилен телефон.

Во видео обраќање, премиерот Еди Рама рече дека  спасени се околу 40 лица, и додаде  дека институциите ќе сторат сé за да ги извлечат сите лица  за кои се верува дека се се уште под урнатините. Рама повика на смиреност и рече дека е уверен дека Албанците ќе ја надминат и оваа природна непогода.

 

Коронавирус