среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 134
home Регион

Расте бројот на уапсени Срби на Косово, Вучиќ испраќа војска на границата?!

Расте бројот на уапсени Срби на Косово, Вучиќ испраќа војска на границата?!

Специјалните единици на косовската полиција РОСУ утрово уапсија 13 Срби, припадници на косовската полиција, во северно Косово, објави Танјуг.

Акцијата започна рано во 06.10, во Косовска Митровица.

Медиуми на албански јазик наведоа дека покрај уапсените кои се осомничени за криминал, уапсени се и осомничени за наводна вмешаност во убиството на Оливер Ивановиќ, како и убиството на косовскиот полицаец Енвер Зумбери во 2011 година, пренесе РТС.

Вучиќ побара од Западот да ја „заузда“ Приштина, зашто Србија нема да дозволи етничко чистење.

Според последните информации, акцијата на РОСУ, е спроведена во сите четири општини во кои Србите се мнозинство. „Новости“ пренесоа дека во Зубин поток се случнало  и пукање и дека еден човек е повреден.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ нареди ставање на сите единици на Армијата на Србија во состојба на целосна борбена готовност.

Претходно, и Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата. Наредбата е издадена по упадот на специјалните единици на косовската полиција – Росу на север во Косово.

Директорот на српската валдина канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ рече дека косовските специјални единици, со оружје упаднале на север во Косово „со цел да заплашат и предизвикаат паника со апсења што претходните денови ги најави претседателот Александар Вучиќ“. Ѓуриќ додаде во изјава за РТС, дека биле регистрирани и истрели од огнено оружје.

Во северниот дел од Косовска Митровица голем број граѓани се собрани на централниот плоштад.

Коронавирус