вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 35
home Регион

Расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Во Албанија не стивнува трендот на постојан раст на нови случаи со Ковид-19 присутен овој месец.

Денеска е регистрана и поголема бројка на починати, споредено со претходните денови, меѓу кои и професор доктор Александар Хоџа, познат анестезиолог, со што бројката на починати здравствени работници како последица од вирусот е над 30.

Според Министертвото за здравство и социјална заштита опасниот вирус е дијагностициран кај 887 лица од направените 3.891 тестови, што е 23 отсто од вкупно тестраните. Главно жариште на болеста и понатаму е Тирана каде што се 330 од новозаразените, по што доаѓаат Драч и Валона.

-Во изминатите 24 часа битката со опасниот вирус ја загубија 11 лица сите во болнички услови, што е највисока бројка овој месец,со што вкупниот број почнати се зголеми на 1.350. За среќа постојано се зголемува бројот на оздравени. Денеска во овој список се впишани 523 или 45.906 од вкупно заразените 75.454, информираше Минстерството.

Според истиот извор активни на болеста се 28.198 од нив во ковид болниците се хоспитализирани 292 или над пет осто повеќе од вчера.

Во меѓувреме познати епидемиолози и инфектолози предупредија дека заразата ќе се шири и следните денови се очекува бројот на дневно ниво да надмине илјада заразени.

ЕУРО 2020

Македонија