понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 164
home Регион

Рама за шпански „Ел Паис“: Веќе не очекуваме ништо од Европската унија

Рама за шпански „Ел Паис“: Веќе не очекуваме ништо од Европската унија

Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за шпански Ел Паис дадено ден пред денешниот самит ЕУ-западен Балкан, вели дека „веќе не очекуваме ништо од Европската унија“

-Научивме, на тешкиот пат, да не очекуваме ништо, бидејќи видовме дека Европа не е во многу добар момент, има многу внатрешни проблеми и проширувањето не се чека со ентузијазам, изјавил Рама за самитот, пренесува Топ чанел.

Запрашан за извештаите за високи нивоа на корупција во неговата земја, премиерот вели дека не е сè веродостојно.

-Ситуацијата е поинаква. Некои извештаи треба да се земат многу внимателно: како се прават, кој ги прави, итн. Тие не се научни и немаат врска со реалноста. Не велам дека Албанија нема проблеми со корупцијата, бидејќи тоа би било лага, но дека воопшто не може да се спореди со пред осум години. Секако дека е земја со проблеми бидејќи доаѓаме од долго и болно минато, изјавил тој, мислејќи на комунистичкиот режим.

Рама додал дека 30 години се многу време во животот на една личност, но ништо во текот на историјата, нагласувајќи дека процесот на градење институции не е лесен.

Новинарот се задржал и на навредите кон новинарите, на што Рама рекол дека „ тоа се нешта од минатото извадени од контекст“.

-Јас лично не сум навредил никого! Јас само зборував за феноменот на лажни вести, неосновани обвинувања… дел од она што јас го нарекувам мрзливо новинарство. Кој се чувствува навреден, веројатно е негов проблем, посочил Рама.

Локални избори 2021