понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Регион

Рама: Соседните земји, ЕУ и САД понудија помош по земјотресот во Албанија

Рама: Соседните земји, ЕУ и САД понудија помош по земјотресот во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека соседните земји, Европска Унија и САД и понудиле помош на Албанија по силниот земјотрес при што загинаа девет лица.

Тој додаде дека телефонски разговарал со италијанскиот, грчкиот и турскиот премиер, како и со претставници на Амбасадата на ЕУ и на САД во Тирана.

Рама посочи дека косовскиот претседател Хашим Тачи му кажал дека косовска екипа за вонредни ситуации се упати кон Албанија.

Во земјотресот се урнати најмалку три станбени згради од под чии урнатини досега се извлечени 23 луѓе и се хоспитализирани.

Според болнички извори досега се згрижени 300 повредени.

Силниот земјотрес што утрово ја погоди Албанија беше со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала.

Епицентар на земјотресот е лоциран меѓу Драч и Тирана, на длабочина од десетина километри. По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси, од кои последниот, со интензитет од 5,4 степени беше евидентиран во 7.10 часот.