среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 112
home Регион

Рама „распали“ по Мета и по неговите поддржувачи

Рама „распали“ по Мета и по неговите поддржувачи

Албанскиот премиер Еди Рама остро, со навреди и со ни малку дипломатски речник, се обрати кон сите оние кои го поддржаа претседателот Илир Мета во неговата одлука да не ја потпише уредбата за именување на Косовецот Гент Цакај за нов министер за Европа и надорешни работи на Албанија.

По првичната реакција, во која одлуката на Мета ја оцени како неуставна и срамна и упати извинување до Косово за „овој срам“, Рама повторно преку социјалните мрежи реагираше обвинувајќи го Мета дека „низ нозе зема еден млад човек, најмалку 1000-пати помудар од него“.

– Нашиот претседател го прекрши Уставот, удри по Владата, низ нозе зема еден млад човек најмалку 1000 пати помудар од него, бесрамно земајќи го како Сведок X… О, каква умоболност! ИМ (Илир Мета) со кукавци го брани Косово од косовски Албанец. Пу, пу, пу, напиша Рама на Твитер.

На ваквите обвинувања веднаш реагираше албанскиот претседател Мета.

– Независноста и територијалниот интегритет на Косово и одлуката на Меѓународниот суд на правдата се неспорни за Република Албанија до последната секунда додека сум претседател на мојата земја, му одговори Мета на Рама преку Твитер.

Рама ја нападна и поранешна косовска вицепремерка и екс-главен  преговарач на Косово со Србија, Едита Тахири, која ја поздрави одлуката на Мета.

– Ах и Едита Тахири, се здружи со некои кукавици кои ја поздравуваат одлуката на визионерот ИМ! Ах, каква река на омраза и црнила испуштаат „визионерите” од оваа категорија, наместо река на љубов кон нацијата! Гент, драга Едита, ги заслужува вашите напади колку што овие „визионери“ го заслужуваат зборот човек! Но,ти душо?, напиша Рама на Твитер.

Тахири ја поздрави одлука на Мета, велејќи дека Цакај ја поддржува промената на косовските граници.

– Ја поздравувам националната и визионерска одлука на претседателот на Албанија во одбрана на границите на Косово. Тој не ја потпиша уредбата за кандидат за министер за надворешни работи, кој беше за промена на границите, номиниран намерно од премиерот Рама, смета Тахири.