понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 71
home Регион

Рама подготвен да замине во Минск за да посредува во надминување на политичката криза

Рама подготвен да замине во Минск за да посредува во надминување на политичката криза

Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изрази подготвеност да го посети Минск и да разговора со сите страни, вклучени во конфликтот, јави телевизијата Топ чанел.

Според теливизијата, Рама би отпатувал за Минск заедно со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, земја која следната година го презема претседавањето со ОБСЕ.

И главните актери на европската политика се движат во иста насока, наведува телевизијата и додава дека пред денешниот вонреден самит на ЕУ за Белорусија, Европскиот совет, Шарл Мишел телефонски разговарал со Рама.

Извори блиски до премиерот Рама за Топ чанел изјавија дека тој во изминатите неколку дена имал интензивни контакти поради кризата во Белорусија и вклученоста на ОБСЕ во неа. (МИА)

Коронавирус