среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Рама побара продолжување на вонредната состојба по земјотресот до 31 март 2020 година

Рама побара продолжување на вонредната состојба по земјотресот до 31 март 2020 година

Албанскиот премиер Еди Рама побара продолжување на вонредната состојба во земјата до 31 март 2020 година.

Барањето е доставено до Парламентот и за него уште денеска ќе расправа парламентарната комисија за национална безбедност, по што истото најверојатно ќе се најде на дневен ред на парламентарната седница на законодавнот дом в четврток.

Вонредна состојба беше прогласена по разорниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, во кој животот го загубија 51 лице, а предзвика огромна материјална штета.

Рама вчера вети дека целиот процес на обнова по земјотресот ќе заврши во 2021 година.

Според него жителите во албанските села погодени од катастрофалниот земјотрес ќе имаат свои нови домови во текот на 2020 година.

Во видео порака на Фејсбук, премиерот Рама вели дека се надева оти дел од жителите од селските населени места Новата 2020 година ќе ја дочекаат во нови домови.

Што се однесува до жителите во градовите чии домови исто така беа урнати или оштетени од земјотресот, Рама рече дека процесот на обновата се очекува да заврши до јуни 2021 година.

Коронавирус