вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Рама побара од министрите да ги вратат луѓето кои по земјотресот се засолниле во Косово

Рама побара од министрите да ги вратат луѓето кои по земјотресот се засолниле во Косово

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика сонародниците кои, поради катастрофалниот земјотрес заминаа за Косово, да се вратат.

Рама утрово на итна средба со Советот на министри во Тирана, им нареди на министрите за образование и здравство и социјална заштита Беса Шахини и Огета Манастирлиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.

Рама нагласи дека целокупната состојба во областите погодени од земјотресот е добра и се движи кон подобрување.

Според медиумите во Косово се над две илјади албански граѓани поголемиот број од нив во Призрен.

По Самитот на НАТО во Лондон, Рама искажал оптимизам дека Европа ќе ја подржи Албанија да ја надмине состојбата по катастрофалниот земјотрес.

Според него 15-те милиони евра доделени од Европската комисија не се еднствена помош,дека очекува средства и од ИПА а секако и одржувањето на две донаторски конференции, едната што ќе ја организира ЕК и втората од турскиот претседател Ердоган.

Коронавирус