петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 30
home Регион

Рама: Не донирајте веќе храна, складиштата се полни

Рама: Не донирајте веќе храна, складиштата се полни

Премиерот на Албанија повика повеќе да не се донира храна за погодените од земјотресот, бидејќи има доволно. Порача дека сега е време за донации со пари преку отворени интернет платформи.

-Пристаништето Драч повеќе нема капацитет за складирање, потребите за храна и облека се задоволени, благодарение на многу луѓе, организации, фирми, институциии од внатрешноста на Албанија и надвор, наведе Рама заблагодарувајќи им се на сите за донациите како и на разбирањето.

Коронавирус