петок, 30. септември 2022. Вести денес: 167
home Регион

Рама: Косово и Албанија да имаат заеднички претседател

Рама: Косово и Албанија да имаат заеднички претседател

Албанскиот премиер Еди Рама предложи Албанија и Косово да имаат заеднички претседател. Рама ова го предложи обраќајќи се во парламентот на Косово на свечената седница по повод десеттата годишнина од независноста на Косово.

Меѓутоа, според приштинските медиуми, Рама беше внимателен потсетувајќи дека е малку веројатно оваа идеја да се реализира во скоро време.

„Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии, зошто не и еден претседател како симбол на националното единство и националната безбедносна политика“, кажа Рама обраќајќи им се на косовските пратеници. Тој призна дека е малку веројатно тоа да се реализира во скоро време. „Можеби оваа идеја не е вистинска на национално ниво, но историјата ни порачува дека остварувањето на сонот не е невозможно“, кажа Рама.

Албанскиот премиер кажа дека пред една деценија Косово го оствари големото тежнеење со тоа што стана „најновата држава на картата на светот“ и дека денес има „повеќе од 115 признавања“, како и дека постигнало значителен успех во јакнењето на институциите и демократската држава.

„Мислам дека сите го имавте истото мислење дека прославата на независноста на Косово беше повеќе утопија отколку можен проект. Да го ставиме на страна тоа дека премиерот на Албанија се обраќа во собранието на Косово за десеттата годишнина од независноста, што не беше можно да се замисли ни како фантазија, но сето тоа се случи“, кажа Рама.

Тој истакна дека Косово и Албанија се „две реалности кои се административно одвоени, но кои живеат во меѓусебна природна, економска, политичка и институционална интеракција во функција на несопирливото приближување со идна национална програма“.

Неговата изјава за заеднички претседател на предизвика реакции од политичките партии на Косово. Најголемата косовска партија – Демократската лига на Косово, е против таа идеја.

Шефот на пратеничката група на оваа партија, Авдулах Хоти, кажа дека Рама со таа изјава го омаловажи Косово. „Предлогот на Еди Рама за национален претседател е знак на непочитување кон тежнеењата на Косовците да остварат независна држава, интегрирана во ЕУ и НАТО“, напиша Хоти на Фејсбук.

ЕК регираше на изјавата на Рама

Европската Комисија реагираше на изјавата на премиерот Еди Рама, кој на свечената седница за десет годишнината на независноста на Косово, рече дека Албанија и Косово може да имаат еден заеднички претседател како симбол на унитарноста.

“Изјавите кои што можат да се интерпретираат како политичко мешање во соседните земји не помагаат во градењето на добрососедските односи“, рече потпаролката на ЕК, Катерине Рај.

“ЕУ очекува во целиот регион да продолжи градењето на конструктивни односи и соработка. ЕУ продолжува да ги поддржува принципите на помирување и соработка во овој регион“, подвлече таа.

меѓувреме, веднаш по изјавите на Рама, неколку србски националисти политичари, бараа Рама да се прогласи “persona non grata“ во Србија.

Коронавирус