понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Рама ги демантира вестите за појава на коронавирус во Албанија

Рама ги демантира вестите за појава на коронавирус во Албанија

Аудио пораката на социјалните мрежи за појава на коронавирус во Албанија, што предизвика паника во земјата, ја демантираше албанскиот премиер Еди Рама преку статус на Фејсбук.

Шефот на албанската влада ги уверува албанските граѓани дека нема случај на коронавирус во Албанија.

-Истите болни умови, кои ве вознемирија со лажните вести во текот на долгите денови и ноќи по земјотресот се во акција. Не потклекнувајте на ваквите лажни вести. Коронавирусот не ја има погодено Албанија! Но, како и за целиот свет, постои потенцијална закана, за што се преземени сите мерки во случај ако треба да се соочиме, пишува Рама.

И министерката за здравство Огерта Манастирлиу смирува дека место за паника нема.

-До сега не е регистриран ниту еден случај на коронавирус во Албанија. Шесте сомнителни случаи во земјава, по анализите на Институтот за јавно здравје, се покажаа како негативни. Зголемени се мерките и контролите на сите гранични премини,каде само во текот на вчерашниот ден се контролрани повеќе од 4.500 патници,рече таа.

Додаде дека сите државни структури се подготвени да одговорат на обврските.

Претходно, лидерот на опозициската Демократска партија,Љуљзим Баша, загрижен од ситуацијата во соседна Италија, ја повика албанската влада да преземе итни мерки во земјата.

Баша смета дека на секој граничен премин и здравствена установа, без никакво одложување, треба да бидат екипирани со потребниот персонал и опремени со соодветна опрема за да ги идентификуваат и третираат навреме сите можни случаи.

Коронавирус