среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 147
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Регион

Радев по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј: На 24 мај сите сме Бугари

Радев по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј: На 24 мај сите сме Бугари

На 24 мај сите сме Бугари. Вака ја започнал честитката претседателот Румен Радев до бугарскиот народ по повод 24 мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и, – според него – на бугарската азбука, просветата и културата и словенската литература, пренесоа медиуми.

-Денес има седум милиони Бугари во Бугарија. Милиони други се надвор од татковината. Но, секогаш постои невидлива татковина што секој ја носи со себе каде и да оди. Тоа е бугарскиот јазик. Од раѓање сме предодредени да размислуваме и чувствуваме на богат, звучен, нијансиран и изразен мајчин јазик. Јазикот нè инспирира, јазикот нè утешува Јазикот е нашиот дом и надеж во тешките и осамени моменти, особено далеку од татковината, вели Радев.

Тој порача дека „бугарскиот јазик ќе ги надживее интригите на неговите негатори и неговите блудните роднини кои не го препознаваат своето потекло или сродство со нашиот говор“.

Коронавирус