сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Регион

Радев најпосакуван политичар во Бугарија, ужива доверба од 64,3 отсто

Радев најпосакуван политичар во Бугарија, ужива доверба од 64,3 отсто

Довербата во бугарскиот претседател Румен Радев, според репрезентативната анкета на Галуп, е 64,3 отсто, а недовербата 22,2 отсто, додека 12,5 отсто се двоумат, а само 1 отсто не слушнале за него.

Дописникот на МИА од Софија јави дека довербата во Радев, како што забележува истражувањето во последните месеци, расте, а причина за тоа се активностите на привремената бугарска влада составена од него.

Како што е посочено, Румен Радев го одржува своето место како најпосакувана личност во бугарскиот политички процес и како единствена личност со позитивен рејтинг, надминувајќи ја недовербата.

Анкетата се спроведува три месеци пред претседателските избори во Бугарија.

Социолошката агенција во Софија регистрираше висока оценка за работата на привремената влада на Бугарија – 58,9 проценти ја одобруваат нејзината активност, а 28,8 проценти се незадоволни, додека останатите се двоумат.

Истражувањето на „Галуп Интернешнл Балкан” го покажува и односот на бугарските граѓани кон вакцинацијата, Според него, 16,7 отсто тврдат дека се вакцинирани со две дози вакцина против коронавирус, 27 отсто сè уште не се вакцинирани, но изразиле желба да го сторат тоа, додека 41,8 отсто велат дека не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19.

Коронавирус