понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 39
home Регион

Пукотници во Косово: Едно лице повредено на патот Приштина- Митровица

Пукотници во Косово: Едно лице повредено на патот Приштина- Митровица

Едно лице е рането утрово при пукотници на магистралниот пат Приштина-Митровица, по што косовската полиција во врска со случајот уапси двајца осомничени, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Утрово околу 10 часот примивме информација за пукотници од огнено оружје на патот Приштина-Митровица. Според причните информации, едно лице е рането и е пренесено во болница, изјави портпарол на приштинската полиција за порталот „Газета Експрес“.

Според него, во врска со случајот полицијата уапсила две лица и запленила две парчиња оружје.